Претставник на Москва во ОН се шегуваше со Трамп при посетата на Белата куќа: „Каде ви е руската соба“?

фото Архива

Претставникот на Москва во Обединетите нации се пошегува со претседателот на САД, Доналд Трамп, при неговата посета и обиколка на Белата куќа.

Двајцата политичари за време на обиколката на резиденцијата на американскиот претседател разговараа за тековниот спор за визите на двете земји, пренесува „Раша тудеј“.

Според пишувањата на „РТ“, Василиј Небензја во четвртокот бил во Белата куќа во рамки на приемот, кој американскиот претседател Трамп го организирал за да се одбележи почетокот на ротирачката власт во Америка.

Рускиот дипломат му се заблагодарил на гостопримството на Трамп, но имал една серозна забелешка за Белата куќа.

– Ја видовме Кинеската соба, но Руската соба се уште ја немаме видено – му рекол Небензја на американскиот лидер, додавајќи дека можеби во резиденцијата тоа било „главната тајна“.

Не пропуштајќи ја можноста да ја продолжи шегата и да одговори, Трамп рекол: „Добро, ќе мораме да се погрижиме за тоа“.

Меѓутоа, пријателскиот разговор бил проследен и со сериозни теми. Небензја исто така го „притиснал“ Трамп за прашањето за руските делегати во Генералното собрание на ОН на кои нема да им бидат издадени визи за да ги извршуваат своите должности во Соединетите Држави.

Москва го обвини Вашингтон дека намерно го одолговлекува нивното барање за визи. Според рускиот претставник, Трамп рекол дека не е запонзаен со овој проблем и ветил дека ќе се справи со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот