Претставник на Европската комисија: Склучивме договор за набавка и на вакцината на „Модерна”

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Европската комисија постигна договор со американската биотехнолошка компанија „Модерна” за набавка на нејзината вакцина против ковид-19, изјави денеска официјален претставник на Европската Унија (ЕУ).

Минатата недела, „Модерна” соопшти дека нејзината експериментална вакцина е 94,5 проценти ефикасна во спречувањето на ковид-19, податоци што се базираат на привремени резултати од клиничка студија во доцна фаза.

Во август, Комисијата, која преговара со производители на вакцини во име на земјите-членки на ЕУ, соопшти дека се склучени прелиминарни разговори со „Модерна” со цел потпишување на договор за испорака на 80 милиони дози од својата вакцина, со можност за купување на уште 80 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот