Претставници на НАкС на средба со Адеми во МОН

Арбер Адеми/ Фото: МИА

Независниот академски синдикат (НАкС) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) минатата недела одвоено искажаа незадоволство, а нивните претседатели вчера излегоа на заедничка прес-конференција на која беше најавено дека, веројатно, ќе се здружат за да ја докажат својата репрезентативност.

Претставници на Независниот академски синдикат (НАкС) денеска ќе имаат средба со министерот за образование и наука Арбер Адеми во МОН на која ќе разговараат за повикот на дел од ректорите на јавните универзитети да се основа нов синдикат кој треба да потпише колективен договор со единствена точка – покачување за 10 проценти на платите на вработените во високото образование.

– На средбата ќе се разговара за настанатата ситуација откако ректорите на дел од јавните универзитети преземаа незаконита иницијатива за организирање и основање нов синдикат, како и за можностите да се изнајде конзистентно, долгорочно и сеопфатно решение за регулација на исплатата на платите на вработените на јавните универзитети и на сите други прашања од областа на работните односи, соопшти НАкС и најави дека во 13.30 часот пред МОН ќе информира за исходот од разговорите со министерот.

Независниот академски синдикат (НАкС) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК)  минатата недела одвоено искажаа незадоволство, а нивните претседатели вчера излегоа на заедничка прес-конференција на која беше најавено дека, веројатно, ќе се здружат за да ја докажат својата репрезентативност.

В.д. претседателката на НАкС Елена Џукеска и претседателот на СОНК Јаким Неделков истакнаа дека со повикот да се основа синдикат се прави упад во синдикалното организирање, а вработените во високото образование се уценети дека нема да го добијат она што веќе им е ветено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот