Претставници на МАТТО и амбасадорот Тимоние разговарале за француски инвестиции во земјава

Причина за досегашното слабо присуство на француските инвеститори во Република Северна Македонија се малиот пазар, релативната политичка нестабилност и нереформираната администрација. Поради тоа во Скопје немаше трговско аташе и тој проблем се покриваше од Амбасадата во Софија, посочил францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на средба со петседателот на Стопанската комора Македонија Турција – МАТТО, Ајдован Адемоски.

Амбасадорот Тимоние, како што велат од МАТТО, на средбата што попладнево се одржала на негово барање, на која присуствувале и потпретседателите на МАТТО, Билал Суџубаши, генерален диеректор на ХАЛК банка во Скопје и Есер Џевахир, сопственик на ТУРМАК, информирал дека Амбасадата досега претежно се занимавала со политичката состојба во земјава, а помалку со економијата, но од неодамна, како што рекол, претседателот Макрон ги охрабрил француските државни институции и приватниот сектор да ги испитат можностите за стопанска соработка со Република Севрна Македонија.

Прочитајте и...  Филипче: Има 11 случаи на заразени здравствени работници во болницата „8 Септември“ (ВИДЕО)

– Претседателот Макрон и даде задача на Француската агенција за развој идната година да отвори канцеларија во Белград за регионот, со ангажман за реформа на администрацијата и нејзина автоматизација, како и во сферата на заштита на животната средина, транспортот и во секторот урбанизам. Ова канцеларијаа работи на принцип на донации и нискокаматни позајмици – посочил Тимоние.

Во наредниот период, како што додал, канцеларија во Белград ќе отвори и Агенцијата !Бизнис Франс” од Атина, која им беше поддршка на француските компании за работа во регионот.

– За жал, банката „Сосиете Женерал” се одлучи да се повлече поради малиот пазар, со што ќе се изгуби видливоста на францускиот интерес за стопанска соработка со Македонија. Моментално сме ангажирани за завршување на физибилити-студијата за изградба на колектор за отпадни води во Скопје, за чија изведба ќе се распише меѓународен повик. Дали француска компанија ќе го добие тендерот ќе видиме, но знаеме дека француската компаниата NGE ќе го поставува колекторот и ќе и требаат соработници – информирал Тимоние.

Прочитајте и...  Активисти за човекови поднесоа тужба против Трамп

Адемоски, пак, изразил задоволство што Франција повеќе ќе се ангажира за унапредување на економската соработка со регионот и накратко ја претставил Комората.

– Неодамна со потпретседателите на Комората го посетивме претседателот Стево Пендаровски кој изјави дека доста беше политика и дека треба да се свртиме кон економијата. И претседателот Макрон со своите иницијативи и поддршката е на иста линија, но и претседателот на Турција Таип Ердоган инсистира да се зголеми економската соработка и билатералната трговска размена да достигне до една милијарда долари. Значи, треба да го искористиме тој ветер во грб и заеднички да делуваме – рекол Адемоски.

Предложил трилатерална средба на македонски, турски и француски компании, како и да се испита можноста за заеднички настап на трети пазари. Исто така, предложил соработка на Балканскиот универзитет со француските институции.

Прочитајте и...  Алијанса за Албанци: Али Ахмети зборува за албански премиер, додека бојкотира албански претседател

Потпретседателите на МАТТО Суџубаши и Џевахир понудиле консултантски услуги за француските компании и поддршка на бизнисот, како и на капацитите во градежниот сектор.

Во 2018 година вкупната трговска размена со Франција изнесуваше 140,3 милиони евра од кои 79.6 милиони се увоз од Франција, а 60,7 милиони извоз. Во периодот од 2002 до 2017 година во земјава влегле 710,8 милиони долари директни стански инвестиции од Франција.

Прочитај повеќе

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Слободен печат

Невладините организации ќе добијат од Владата 30 милиони денари

Слободен печат

„Бентли“ планира да отпушти илјада работници

Слободен печат

Влада: Денеска поднесени 114 кривични пријави за ширење на заразна болест

Слободен печат

Се огласи Грета за хаосот во Америка: Младата активистка го осуди расизмот!

Слободен печат

Шпанија ги отвара границите за туристи на 1 јули

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Германски неонацисти тренираат во воен камп во Русија- никој не може да им го забрани тоа

Слободен печат

Путин: Норникел ќе ја надомести целата штета предизвикана од излевањето на нафтата

Слободен печат

Безбедностата камера „улови“ воспитувачка која усмрти бебе кое плаче (ВИДЕО)

Слободен печат

Америка закрепнува: Вработеноста во САД во мај порасна за 2,5 милиони

Слободен печат

Бројот на потврдени случаи на инфекцијата со коронавирусот расте побрзо од кога било

Слободен печат

Нема заболени од Ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Слободен печат