Претставничкиот дом на САД ќе гласа да ги ограничи воените акции на Трамп

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси рече дека гласањето ќе се одржи затоа што некои членови на Конгресот биле загрижени дека администрацијата на Трамп не ја разгледала стратегијата и одлуките за време на брифинзите со пратениците.

Претставничкиот дом на САД денеска ќе гласа за резолуцијата што има за цел да го ограничи овластувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да почне воена акција против Иран, објави спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Таа рече дека гласањето ќе се одржи затоа што некои членови на Конгресот биле загрижени дека администрацијата на Трамп не ја разгледала стратегијата и одлуките за време на брифинзите со пратениците.

Пелоси го изјави ова откако Техеран истрела ракети врз воени бази во Ирак во кои беа распоредени американски трупи, а по убиството на командантот на единицата „Кудс”, Касим Сулејмани во американска воздушна напад во Ирак.

Пелоси во изјавата нагласува дека убиството на Сулејмани извршено од администрацијата на Трамп е закана на американските војници, дипломати и други „под ризик од сериозна ескалација на тензиите со Иран”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот