Претставичкиот дом го одобри нацрт законот за изборни реформи во САД

сад конгрес
Конгресот на САД / Фото: Архива

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го изгласа нацрт законот „Во интересите на народот”, штој предвидува радикални реформи за заштита на правата на избирачите и зголемена безбедност на изборите. 

Нацрт законот беше одобрен со 220 гласови „за” и 210 „против”. Сите републиканци (двајца не беа присутни) гласаа против нацрот, а така гласаше и уште еден демократ. 

Иницијативата е насочена кон тоа да се зголеми одзивот на избирачите преку разни начини, како раширување на предвременото гласање, поедноставна идентификација, да се одобри регистрација на денот на изборите. Исто така се бара државите да воведат автоматска регистрација на федералните избори за избирачи кои имаат право на глас. 

Документот го проширува и пристапот на избирачите за гласање во отсуство и преку пошта, и ги изнесува основните правила за испраќање на гласачкото ливче и давање изјава преку пошта. 

Овој нацрт закон претходно немаше шанса да помине и да стане закон, бидејќи републиканците кои го контролираа Сенатот, и нивниот лидер, Мич Меконел, го карактеризираа како „ужасен нацрт закон” и одбиваа да го разгледуваат. 

Сега, кога контролата во Сенатот е поделена еднакво, со еден глас плус за демократите, нацрт законот има шанси да се најде на работната маса на претседателот Џо Бајден за потпишување. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот