Претставено жирито на „Браќа Манаки“

Годинава членови на жирито се: Ед Лакман, Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ. 

-Kако што можете да забележите доминираат кинематограферите, рече при претставувањето на жирито, селекторот на главната програмата на Фестивалот и уметнички директор, Благоја Куновски – Доре.

За впечатоците и досега погледнатите филмови, како и за критериумите на нивните за одлуки при изборот на трите најдобри остварување во главната конкуренција тие беа согласни дека не може да се издвојат сликите од содржината.

-Критериумот за доделување на секоја награда е тешко да се одреди бидејќи е тешко да се одделат сликите од самата содржина на филмот. Кинематограферот може да создаде поетични или автентични слики кои раскажуваат приказна, но ако изостанува актерството тоа ќе се изгуби. Значи сепак ја гледате големата слика. Сте избрале силни филмови и изборот ќе биде тежок, но нема да има влијание од тоа што голем дел од филмовите се наградени во Кан или во Берлин. Затоа е важно да има фестивал од овој тип бидејќи се дава признание конкретно за начинот на кој што ја раскажувате приказната. Проблемот со Оскарите, барем за камерата е што 80 проценти од Академијата се актери и тие не разбираа реално што е камера. Тие гледаат само убави слики. Не разбираат дали е дигитализирано и затоа филмот како „Пи“ и „Аватар“ на Камерон добија награда за најдобра камера, а тие се целосна анимација, рече Лакман, кој е и претседател на жирито.

Според членовите на комисијата ако нема добра соработка со актерите и режисерите, тогаш нема ниту финален резултат и рекоа дека ќе се обидат да дадат се од себе да го препознаат квалитетот на добрата слика во најдобрите филмови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот