Претставени медалите за ОИ во Токио
Медалите се дизајнирани така да изгледаат како да станува збор за обликуван камен, а организаторите тврдат дека ова се првите медали во историјата на Олимписките игри кои се направени од одржливи материјали.
Околу 32 килограми злато беше извадено од 6.2 милиони мобилни телефони кои во последните две години ги донираа Јапонците, а се собра уште и 3.5 тони сребро и 2.2 тони бронза. Од сиот материјал ќе бидат направени 5.000 медали за најдобрите на Олимписките и на Параолимписките игри.
The moment you have all been waiting for, your #Tokyo2020 Olympic Medals! ???
RT for good luck! 100% #Sustainable #1YearToGo pic.twitter.com/DcLKtEF0DQ
— #Tokyo2020 (@Tokyo2020) July 24, 2019
На предната страна од медалите е традиционалниот дизајн на божицата на победата, Ника кој од 1972 година и Игрите во Минхен е традиционален дизајн на сите олимписки медали. На задната страна, организаторите на Игрите во Токио се одлучија нивниот дизајн да ја симболизира „разноврсноста“ и да го претстави светот во кој се оддава почит на луѓето кои се натпреваруваат во спортот.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 24 јули до 9 август идната година.