Претставата „Ревизор” вечерва пред штипската публика во домот на културата „Ацо Шопов“

На големата сцена во Центарот за култура „Ацо Шопов” во Штип вечерва ќе биде одиграна претставата „Ревизор” од Гогољ. Во неа играат актери кои неодамна дипломирале на Факултетот за драмска уметност.

Претставата е изведена повеќе од 15 пати, во рамки на Факултетот за драмски уметности, Драмскиот Театар во Скопје, Театар Комедија во Скопје, Прилепскиот Театар „Марко Цепенков” на фестивалот „Војдан Черднодрински” и меѓународниот студентски театарски фестивал „Дионис” во Хрватска, каде освои награда за најдобра претстава.

Популарноста на претставата беше искористена и за обезбедување средства за хуманитарни цели.

Улогите ги толкуваат Антон Антонович – Томислав Давидовски, Ана Андреевна – Стефанија Митовска, Марија Антоновна – Наталија Ристеска, Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски, Амос Фjодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски, Артемиј Филипович Земњаника – Исмет Шабановиќ, Иван Кузмич Шпкеин – Стефан Спасов, Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски, Петар Иванович Бопчински – Maрјан Наумов, Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски, Февроња Петровна Пошљапкина – Изабела Јакимова, подофицирката Ивановна – Ана Димитров.

„Ревизор” е социјална и морална сатира која ја играат 12 актери, според текстот на Николај Василевич Гогољ. Истата вклучува пет чина кои се изведуваат во времетраење од 90 минути.

Целта на претставата е преку комичен начин да ја прикаже корупцијата, која постои во една руска провинција. Дејството се одвива во Русија во првата половина од 19 век каде во едно мало село се очекува да пристигне важна личност – ревизор. Но, на местото на важната личност, доаѓа некој друг за кој сите претпоставуваат дека е ревизорот. Целата конфузија создава комични сцени, анегдоти и неочекувани настани и недоразбирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот