Претстава во празен театар по повод 200 годишнината од војната на независност во Грција

epa04307201 The image made available on 09 July 2014 shows the orchestra and chorus of the Greek National Opera performing during the concert 'Opera a la Greca' in Olympieion, Athens, Greece, 08 July 2014. The Greek National Opera orchestra and chorus performed excerpts of famous operas from all over the world in Greek. EPA/Haris Akriviadis

Грција требаше 200. годишнината од војната за независност да ја одбележи со многуборни изложби, театарски претстави и панели посветени на важниот историски настан, но пандемијата од коронавирусот им ги помати плановите.

Првенците на Националната опера на Грција пред празната театарска сала ја изведоа претставата „Деспо“ на грчкиот композитор Павлос Карер во кога главната личност избира смрт наместо заробеништво, детонирајќи муниција во тврдина која ја затвориле османлиските власти.

Грчкиот мецосопран Артемис Богри држејќи го мечот високо подигнат пееше „оган, оган“ додека чадот се надвиваше над бината.

„Мечот е навистина тежок“ рече Богри по завршувањето на снимањето на претставата која ќе биде емитувана во мај преку видео стрим.

Таа рече дека не е лесно да се подготви претстава неколку месеци и на крајот да се изведе без размена на енергија со публиката.

Актерите и пејачите кои работеа на продукцијата на „Деспа“ носеле маски во текот на пробите, водени од тврдоглава преданост, рече Богри.

„Уметноста ни помогна за време на пандемијата да продолжиме понатаму, но тажна е иронијата што, кога се ова ќе заврши, ќе не биде помалку. Голем дел од уметничкиот свет ќе исчезне“, додаде таа.

Грчката војна за независност од Османлиското царство траеше од 1821 до 1832 година.

Денот на независност Грците го слават на 25 март во знак на сеќавање на почетокот на востанието во 1821 година.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот