Јандроковиќ: Претседавањето со ЕУ е потврда за посветеноста на Хрватска кон европските вредности

Фото: МИА

Претседавањето е потврда на нашата строга посветеност да учествуваме, заедно со другите членки, во промовирањето на европскиот проект и промовирањето на заедничките вредности, изјави тој и додаде дека Хрватска е цврсто определена за европските вредности и принципи.

Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ , на отворањето на состанокот на претседатели на парламентарни комисии за европски прашања од земјите-членки на ЕУ, изјави дека хрватското претседавање е потврда за нејзината „строга посветеност” при промовирањето на европските вредности.

– Претседавањето е потврда на нашата строга посветеност да учествуваме, заедно со другите членки, во промовирањето на европскиот проект и промовирањето на заедничките вредности, изјави тој и додаде дека Хрватска е цврсто определена за европските вредности и принципи.

– Ќе заговараме Европа, втемелана на заеднички вредности, еднаквост, почитување на взаемните интереси и разлики, истакна хрватскиот спикер.

Според него, клучни теми за време на хрватското претседавање ќе биде повлекувањето на Велика Британија од ЕУ, усвојување на Повеќегодишна финансиска рамка за периодот 2021-2027 и продолжување на политиката на проширување.

Тој потенцираше дека Хрватска „силно поддржува” проширување на ЕУ и оти во „политичка, безбедносна и економска смисла” тоа е европски интерес, пренесува Хина.

– Секое откажување од европската веродостојност на ова подрачје ќе резултира со јакнење на влијанието на другите фактори, оцени Јандроковиќ. Тој дополни дека критериумите за членство во ЕУ треба да бидат доследни и применливи за индивидуален пристап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот