Претседателските кандидати и денеска ќе одржат митинзи

Кандидатот за претседател Блерим Река, кој е ја има поддршката од Беса и Алијансата за Албанците, денеска ќе го одржи централниот митинг, а за град во кој ќе се одржи главниот настан во неговата кампања пред првиот круг од претседателските избори е избран Тетово.

Другите двајца кандидати на овие шестти претседателски избори продолжуваат со активностите во рамки на изборната кампања.

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја промовира својата претседателска кандидатура во Кратово и Крива Паланка, додека Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата ќе ги посети граѓаните во Валандово, Дојран, Богданци, а во Гевгелија ќе се одржи отворена граѓанска трибина.

Кампањата за првиот круг од изборите е при крај, официјално почна на 1 април, ќе трае до 19 на полноќ, по што следува 24-часовен изборен молк. Во недела на 21 април гласачите ќе излезат на избирачките места и ќе гласаат во првиот круг од претседателската трка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот