Милановиќ го критикуваше датумот за изборите во Хрватска: Тоа е кражба и срамота

Претседателскиот кандидат Зоран Милановиќ изјави денеска дека одлуката да се одржат избори за претседател на Хрватска на 22 декември е „кражба и срамота”, оценувајќи дека цел на премиерот Андреј Пленковиќ е да се спречат граѓаните да изберат „подобра Хрватска”.

Тој на Фејсбук наведе три причини за својата критика. Милановиќ верува дека на тој начин владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) сака да го намали бројот на граѓани кои ќе излезат на гласање и во првиот круг (22 декември) и во вториот круг (5 јануари), бидејќи семејствата тогаш најверојатно ќе бидат на одмор.

Исто така, Милановиќ оцени дека на тој начин се убива кампањата за втор круг, бидејќи се темпира времето на празници за да се „сокрие безвредноста на кандидатката на ХДЗ”, актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

„Се отстапува од праксата и правилата до кои се држеше политичката мајка на Пленковиќ – Јадранка Косор, која во 2009 година распиша прв круг избори меѓу Божик и Нова Година, ја посочи Милановиќ третата причина за својата критика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот