Претседателски избори во Сирија на 26 мај

Претседателските избори во Сирија ќе се одржат на 26 мај, изјави претседателот на Националното собрание на таа земја Хамуда Сабаг, пренесува ТАСС.

– Документите за номинирање кандидати може да се достават до Врховниот уставен суд од 19 април и во следните 10 дена – до 28 април, рече Сабаг.

Изборните правила налагаат кандидатите да живеат во Сирија најмалку последните 10 години, што го прави практично невозможно да се кандидираат клучните опозициски фигури, кои моментално се во егзил. Поради тоа аналитичарите очекуваат реизбор на Башар ал Асад.

Сиријците кои живеат во странство ќе можат да гласаат на 20 мај.

Претходните претседателски избори во Сирија се одржаа во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот