Претседателски избори во Нигер: Возило на изборната комисија нагази на мина, загинаа седум членови

Фото: EPA/TIFE OWOLABI

Возило што го користеле членови на изборна комисија во Нигер налета денеска на противтенковска мина во југозападниот дел од земјата. Во експлозијата загинаа седум лица, а тројца се потешко повредени, соопшти локалната канцеларија на изборната комисија.

– Тие се претседатели на избирачките места и нивни секретари кои беа ангажирани од комисијата, истакна гувернерот на Тиџани, Ибрахим Катиела.

Потпретседателката на локалната канцеларија на изборната комисија, Харуна Мункаила изјави дека овој смртоносен напад се случил во регионот Тилабери.

Во Нигер денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во земјата. Гласањето се очекува да го отвори патот за првата демократска транзиција на власта во Нигер по независноста од Франција пред повеќе од шест децении. Двајцата кандидати во вториот круг од претседателските избори во западноафриканската земја, која е една од најсиромашните во светот, се Мохамед Базум и Махамане Усман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот