Претседателски избори во Чешка, се предвидува историски рекорден одзив

Фото: EPA-EFE/Balazs Mohai HUNGARY OUT

Граѓаните на Чешка утрово, на вториот ден од вториот круг на претседателските избори, масовно излегуваат на гласање за да одлучат кој ќе биде новиот лидер на државата.

Се предвидува историски рекорден одзив бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи веќе излегоа вчера, на првиот ден од гласањето. Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, а потоа и шеф на Воениот комитет на НАТО, пензионираниот генерал Петар Павел и петтиот најбогат човек во Чешка, тајкунот од агро и хемиската индустрија Андреј Бабиш.

Павел е проевропски независен кандидат, по моделот на Вацлав Хавел, со електорат и спонзори на кампањата од десниот центар, поддржани од владата на конзервативниот премиер Петар Фијала.

Бабиш е поранешен популистички премиер, сега лидер на опозицијата. Тој е со словачко потекло.

И генералот Павел и милијардерот Бабиш вчера ветија дека нема да го следат примерот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и дека ќе прифатат, доколку бидат поразени на изборите, и дека ќе ги повикаат своите поддржувачи да го почитуваат новиот претседател.

Големиот интерес на Чесите за овие трети директни избори за шеф на државата ги принуди медиумите да применат нови технологии и вештачка интелигенција за да објават предвидување на многу мал примерок од преброените гласови, околу 10 отсто, набргу по затворањето на гласачките места во 14 часот. Во првиот круг, пред 14 дена, исклучително прецизно ги предвидоа резултатите.

Резултатите ќе бидат објавени вечер. Според предизборните анкети и модели, Павел е фаворит со можни 53 до 58 отсто од гласовите за поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот