Претседателски и парламентарни избори во Чиле

Кандидати за претседател на Чиле
Кандидатите за претседател на Чиле на ТВ дебата/ Фото EPA-EFE/ESTEBAN FELIX / POOL

Во Чиле денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори, на кои нема да учествува актуелниот претседател Себастијан Пинера, бидејќи Уставот на земјата не му дозволува на претседателот да ја извршува таа функција во два последователни мандата.

Покрај претседател, Чилеанците денеска избираат 155 пратеници, како и 27 сенатори.

Седум кандидати, меѓу кои две жени, се натпреваруваат за избор на претседател.

Анкетите покажуваат дека фаворити се Габриел Бориќ од левичарската коалиција Потврди достоинство и Хозе Антонио Каст од екстремно десничарската партија Христијанско-социјален фронт, пренесува Ројтерс.

Според резултатите од најновата анкета на фирмата „Кадем”, за Каст би гласале 24 отсто од испитаниците, а за Бориќ 19 отсто.

За победа во првиот круг на кандидатот му требаат повеќе од 50 отсто од гласовите, а доколку тоа не се случи, вториот круг од изборите ќе се одржи на 19 декември.

Чилеанскиот Болсонаро: Кој е Каст, фаворит за престолот во Чиле?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот