Претседателска палата на Тунис излезе со демант: Есебеси не е починат

Претседателот на Тунис, Беџи Каид Есебеси, кој денеска беше пренесен во воената болница во главниот град поради акутни здравствени проблеми, не е починат, демантира Претседателската палата, додавајќи дека неговата состојба е подобра.

Неговиот советникот Фирас Гефрех истакна дека шефот на државата се наоѓа во „стабилна состојба”, а претходно локалните медиуми објавија дека 92-годишниот Есебеси починал.

Соопштението за влошената здравствена состојба на тунискиот претседател доаѓа по денешните два самоубиствени бомбашки напада во градот Тунис, при што загина еден полицаец, а уште осум лица се повредени.

Есебси, првиот демократски избран претседател на земјата, дојде на власт во 2014 година, три години по Арапската пролет, кога беше соборен долгогодишниот диктатор Зин Бен Али.

Тој беше кратко хоспитализиран и минатата недела, по што објави дека не планира да се кандидира за втор мандат на изборите предвидени во ноември годинава, додавајќи дека некој помлад треба да раководи со државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот