Претседателот Радев бара одложување на изборите во Бугарија

Румен Радев/ Фото: МИА

Бугарскиот претседател, Румен Радев, сака да ги одложи парламентарните избори во земјата, што беа планирани за 28 март, и побара промена на постапката за гласање.

По повод измените во постапката за гласање, Радев на консултации ги повика претставниците на партијата „Волја”. Претседателот на оваа партија, Веселин Марешки, смета дека ваквите консултации не се прават на два месеца пред изборите

-Ми се чини многу чудно што консултациите се одвиваат сега, а не беа пред шест месеци, изјави тој за ТВ Нова.

Политичарот, исто така, смета дека претседателот на државата нема надлежност да се справува со промени во изборниот процес, туку тој треба само да ги распише изборите.

-Претседателот Радев сакаше избори на 28 март, а сега тој бара подоцнежен датум. Прашањето е: кој го притиска?, праша Марешки.

Радев во декември ги распиша изборите за крајот на март, но на почетокот на јануари, поради големиот број смртни случаи од Ковид-19, нареди да се одложат изборите како мерка против ширење на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот