Претседателот Пендаровски упати честитка по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски им упати честитка на сите граѓани од муслиманската вероисповест по повод големиот празник Рамазан бајрам.

„Почитувани сограѓани,

Дозволете ми, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, да упатам најискрени честитки до граѓаните со исламска вероисповед, со желба да го поминете празникот во среќа, добро здравје и во хармонија со вашите најблиски.

На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош.

Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина.

Прочитајте и...  Фон дер Лајен: ЕУ ќе добие две милијарди дози вакцини против ковид-19

Почитувани сограѓани,

Оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата.

Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина.

Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите!

Честит Рамазан бaјрам.“, напиша Пендаровски.

Поврзани вести

Повеќе од 1.300 луѓе биле погрешно информирани дека се позитивни на ковид-19

И.И.

Хрватски пратеник сподели фотографија од жени наредени пред Зара, била лажна, но не толку далеку од вистината

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп одржа уште една новинарска лекција: Никогаш не зборувајте на претседателот на таков начин

И.И.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

Слободен печат

Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

Илинка Иљоска

Заев под „вкрстен“ оган

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian