Претседателот Пендаровски на средби со Ручи и Велиај

Фото: МИА

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска ќе се сретне и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.

Претседателот Пендаровски исто така ќе оствари среба и со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој ќе му предаде клуч од Тирана.

Претходно, Пендаровски оствари средба со албанскиот претседател Илир Мета. Пендаровски и Мета на заедничката прес-конференција потенцираа дека Македонија и Албанија немаат алтернатива за членството  во Европска Унија, како и дека безбедноста на Западен Балкан значи безбедност на Европа, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.

Пендаровски на средбата со Мета предложи земјите од Западен Балкан да одржат Самит на кој ќе се дискутира за проширувањето, добрососедските односи, и при тоа да се отфрлат идеите за алтернативи за проширувањеро.

Претседателот Пендаровски предложи и иницијатива за формирање на неформална група за македонско-албанско  пријателство, кое покрај зајакнување на врските помеѓу политичарите и бизнисмените, соработката да биде фокусирана на младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот