Претседателот Пендаровски ќе го отвори 61. издание на Охридско лето

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски /Фото: Архива на „Слободен печат“

Претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето”, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски, најавија од неговиот кабинет, ќе се пренесува во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето”, којшто традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, годинава свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски” во изведба на уметниците од Националната опера и Балет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот