Претседателот Пендаровски ја прими Симона Јованоска, добитничка на наградата „Роман на годината“

Претседателот Стево Пендаровски на 18 април ја прими добитничката на наградата „Роман на годината“ за 2021 година, Симона Јованоска, авторка на романот „Денот на црвот“.

Претседателот упати честитки до наградената авторка посакувајќи ѝ понатамошни успеси и уште многу престижни награди за нејзиното творештво. Тој изрази признание и почит за сите автори кои со своето творештво го збогатуваат домашниот литературен опус.

На средбата, претседателот посочил дека уметниците не творат за награди, но тие неминовно придонесуваат за афирмација на нашите автори и промоција на нашата книжевност и јазик, додавајќи дека поддршката на младите автори е особено важна за поттикнување и развој на нивната работа.

Дебитантскиот роман на Симона Јованоска, „Денот на црвот“, беше награден во конкуренција од 39 романи, а наградата традиционално ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Оваа награда досега е доделена 23 пати и е наменета за роман кој во тековната година е објавен на македонски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот