Груби кај Мурати во Уставниот суд: Соодветна и правична застапеност и единственост во ставот меѓу сите судии како приоритети

Фото: mia.mk
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес оствари работна средба со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
На оваа средба, како што стои во соопштението од Утавниот суд, стана збор за начините за целосно остварување на уставната позиција на Судот, како независен и самостоен орган на Републиката кој ги штити уставноста, законитоста, слободите и правата на човекот на граѓанинот и гарант е за владеење на правото во државата.
Во таа смисла, од претседателот на Судот, Мурати е укажано и на активностите кои би можеле да се преземат од Владата како носител на извршната власт, со цел да се остварат овие врвни цели на едно демократско општество, во рамки, секако, на своите надлежности.
Претседателот на Мурати го запозна Груби со она што е преземено во периодот за реализација на уставното начело на соодветна и правична застапеност и за постоењето на единственост во ставот меѓу сите судии дека ова е еден од основните и најитните приоритети на Судот.
На средбата Мурати ги презентираше тековните меѓународни активности во рамките на различните форуми и организации во кои учествува Судот, а кои меѓу другото се и можност за размена на искуства помеѓу уставните судови од различни држави, но и промоција  на државата во целост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот