Претседателот на Туркменистан тврди: Немавме ниту еден случај на коронавирус од почетокот на пандемијата

Фото: EPA/IGOR KOVALENKO

Во Туркменистан не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот од почетокот на пандемијата, изјави денеска претседателот на таа централноазиска држава во ретко интервју за странски медиуми.

„Благодарение на работата што ја завршивме”, Туркменистан нема случај на таа болест, изјави Гурбангули Бердимухамедов во интервју за меѓународниот ТВ канал Мир со седиште во Москва.

Туркменистан е една од ретките земји во светот, заедно со Северна Кореја, кои не пријавиле случаи на коронавирус на нивна територија.

Сепак, дури во април Туркменистан започна да ги олеснува мерките против коронавирусот со повторно отворање ресторани и џамии. Возовите повторно сообраќаат, но патувањата со авион се уште се во прекин.

Бердимухамедов изјави дека неговата држава располага со две руски вакцини – ЕпиВакКорона и Спутник В.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот