Претседателот на Туркменистан го назначи својот син за заменик-премиер

 Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов денеска го назначи својот единствен син на клучна позиција во Владата.

Назначувањето на синот на Бердимухамедов, Сердар, за вицепремиер задолжен за економски и финансиски прашања беше објавено во владиниот дневен весник „Неутрален Туркменистан”.

Бердимухамедов (64) претседава со Владата која нема премиер, што значи дека неговиот син директно ќе му одговара.

Претходно оваа година, претседателот го назначи својот 39-годишен син за заменик-премиер задолжен за иновативни технологии, позиција што сега е укината со новиот претседателски указ.

Се смета дека синот на претседателот, кој претходно беше гувернер на регион, министер во владата и извршуваше други високи функции, ќе го наследи неговиот татко кој стана лидер на Туркменистан во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот