Претседателот на Тунис го смени директорот на националната телевизија

Фото: EPA-EFE/STR

Саид го смени Ал Дахач по вчерашниот инцидент, кога претставници на синдикатот на новинари и на синдикатот за човекови права изјавија дека им е забранет влез на телевизијата, дури и ако се поканети да се појават во емисија, пишуваат западните медиуми

Тунискиот претседател Каис Саид го разреши директорот на националната телевизија Мохамед ал-Дахач и именува негов заменик, по повикот за заштита на слобода на говорот, соопшти претседателскиот кабинет.

Саид го смени Ал Дахач по вчерашниот инцидент, кога претставници на синдикатот на новинари и на синдикатот за човекови права изјавија дека им е забранет влез на телевизијата, дури и ако се поканети да се појават во емисија, пишуваат западните медиуми.

Амира Мохамед, заменик шеф на синдикатот на новинари, истакна дека Дахач и рекол оти командантот на војската му наредил да не пушта гости во зградата на телевизијата.

Како што се наведува, Дахач и претставникот за човекови права Басем Трифи подоцна успеале да се појават во емисијата, додека советник на Саид и портпарол на војската, исто така, биле интервјуирани во програмата, каде што и двајцата негирале каква било наредба за спречување на гостите.

Шефот на државата во неделата повика на итни овластувања за преземање контрола врз Владата, за смена на премиерот и блокирање на Парламентот, а војската ја опколи телевизиската станица, додека неговите противници таквиот потег го нарекоа државен удар. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот