Претседателот на Танзанија одбива да се вакцинира против ковид-19: Него го штител Бог, на народот му порача да вдишува пареа

Фото: EPA-EFE/ANTHONY SIAME

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули денеска изјави дека не е потребен карантин во неговата земја, затоа што Господ ги штител жителите од коронавирусот и оти домашните „лекови”, како што е вдишување водена пареа, се поефикасни од вакцините.

– Вакцините не се добри. Ако беа такви, тогаш ќе имаше и вакцина за ХИВ/СИДА, рече Магуфули во говор во западниот дел на земјата.

Во Танзанија, земја со околу 58 милиони жители, официјално се регистрирани само 509 лица со ковид-19 и 21 смртен случај. Соседна Кенија, која има 47,6 милиони жители, имаше 100.000 заразени и 1.700 починати лица.

– Ние Танзанијците не се заклучивме и не очекуваме да го сториме тоа. Никој нема да прогласи општ карантин, затоа што нашиот Бог е жив и тој ќе продолжи да нè штити, рече Магуфули на свечено отворање на нова фарма во неговиот роден град во областа Чато.

– Ние, исто така, ќе продолжиме да преземаме превентивни мерки, вклучително и вдишување на пареа. Вдишувајте додека се молите на Бога, молете сè додека одгледувате пченка, компир, за да можете да јадете добро и коронавирусот да не може да влезе во вашето тело. Многумина ќе ве исплашат, мои Танзанци, но мора цврсто да истраете, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот