Претседателот на Собранието Џафери им го честита Велигден на католичките верници

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати велигденска честитка до припадниците на католичката вероисповед.

-Ми претставува чест од свое име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден на сите што го славите по грегоријанскиот календар. Упатувам искрени желби за добро здравје и оздравување на сите што беа засегнати од Ковид-19, семеен и душевен мир, благосостојба, успеси и големи радости. Дозволете да упатам срдечни желби за личен и колективен напредок на секое поле од општественото живеење. Вашиот успех е и успех на државата, се истакнува во честитката.

Претседателот на Собранието нагласува дека големите празници ни даваат прилика да застанеме и да го забавиме брзото темпо на живот, да поминеме повеќе време со нашите сакани и да се потсетиме на најважните вредности кои ни се водилка низ животните предизвици.

-Да бидеме одговорни кон себе, кон сите околу нас и кон државата, заедно и сплотено да го надминеме и овој и сите други предизвици кои ни се испречуваат на патот. Имајте убави и спокојни празнични денови, порачува во честитката Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот