Претседателот на Шри Ланка вети искоренување на тероризмот – Слободен печат
ВестиПланета

Претседателот на Шри Ланка вети искоренување на тероризмот

Тој вети дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата сите екстремисти поврзани со самоубиствените напади во кои беа убиени над 250 лица.

Претседателот на Шри Ланка, Матрипала Сирисена изјави дека безбедносните сили ќе го искоренат тероризмот и ќе воспостават стабилност пред претседателските избори кон крајот на годината.

Тој вети дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата сите екстремисти поврзани со самоубиствените напади на хотели и цркви за време на католичкиот Велигден, во кои беа убиени над 250 лица.

– Изборите не можат да се одложуваат. Значи, до изборите ќе ја доведам земјата до стабилност и ќе го искоренам тероризмот – истакна тој.

Сирисена посочи дека веќе се идентификувани сите активни членови на групата и оти следен чекор е нивно апсење. Тој вели дека уште 25 до 30 „активни членови” поврзани со бомбашките напади се на слобода и оти верува дека терористичката „Исламска држава” стои зад нападите од 21 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close