Претседателот на РФМ и селекторот формираа нов клуб, РК Алкалоид

Ракометот во Македонија денеска доби нов клуб, РК Алкалоид кој е проект на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, а дел од новиот проект ќе биде и селекторот и капитен на репрезентацијата Кирил Лазаров со неговиот бренд КЛ7. Приоритет на клубот ќе биде работа и унапредување на младите ракометарите

– Го имам задоволство да го највам формирање на РК Алкалоид, кој ќе се натпреварува во Првата машка лига. Токму таа Лига е местото каде се кршат копјата и се кали челикот во младите таленти. РК Алкалоид ќе има за цел правилен начин на функционирање и регрутирање, градење и насочување на млади ракометари таленти. Клубот треба да донесе промоција на позитивни вредности.Доволно добро ме познавате и ја знаете мојата работа и во ракометот и во бизнисот. Ќе продолжам да се залагам за рамномерно работење и не планираме да го фаворизираме клубот. Нема потреба од привилегирани статус. Јас тотално ќе се дистанцирам од оперативното функционирање на клубот и ќе ја задржам својата неутралност – изјави Мукаетов.

Прв човек на новиот клуб ќе биде поранешниот ракометар Горан Минов, додека дел од тимот ќе биде и Кирил Лазаров кој порачува дека нема да има конфликт на интереси.

– Познавајќи се себе, јас сум најтежок самиот за себе, потоа и за другите. Мојот карактер нема да ми дозволи да има судир на интереси. Од мене се бара резултат, со тек на времето ќе се покаже дали сме работеле квалитетно. Кај мене такви работи нема да има. Ова е проект за доброто на Македонија. За мене е чест и задоволство да бидам дел од овој проект, каде главната улога ќе ја носи една светски призната компанија како Алкалоид. Ќе работиме заедно, за доброто на македонскиот спорт, на македонскиот ракомет. Моето искуство кажува дека за да се оформи квалитетна база на млади спортисти, најважно е да се работи квалитетно со млади играчи, тоа е нешто што треба да се крене на едно повисоко ниво. Сите заеднички треба да дадеме се за да изградиме нови македонски репрезентативци кои во иднина ќе го носат националниот дрес. Во Европа и во светот има многу центри за формирање на млади играчи, ние со овој проект ќе се обидеме да го пресликаме овој начин на функционирање, за да можеме мирно да спиеме и да изградиме мирна иднина на македонскиот ракомет. Подготвени сме за соработка и со другите клубови, се со цел за доброто на македонскиот спорт и да напредуваме, да го имаме она што сите го посакуваме , а тоа е квалитетна национална селекција – изјави Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот