Претседателот на ПСЖ обвинет за поткуп

Насер Ал-Келаифи/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е обвинет за „активна корупција” во истрагата за сомневања за корупција. Според весникот „Ле Паризиен“, Ал Келаифи на поранешниот претседател на Светската атлетска асоцијација (ИААФ), Ламин Диак му дал 3.5 милиони долари за Доха да ја добие организацијата на Светското првенство во 2017 година. Сепак, организацијата на доби Лондон, но главниот град на Катар, годинава ќе го организира СП.

– Случајот нема никаква врска со фудбалот е дел од судската истрага иницирана од Националното финансиско обвинителство (ПНФ) за “корупција” и “перење пари со отежнувачка околност”, чија цел, меѓу другото го опфаќа и доделувањето на Светското првенство во атлетика во Катар – јавува дописникот на МИА од Париз.

Истрагата за корипција се забрза со неодамнешното обвинување на првиот човек на медиумската група од Катар- Беин, Јусуф Ал Oбаидли и на поранешниот претседател на ИААФ, Ламин Диак.

Париски финансиски истражни судии го обвинија првиот за “активна корупција” на 28 март. Според информациите на француските медиуми, вториот, кој досега имаше статус на сведок помагач, во меѓувреме е обвинет за “пасивна корупција”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот