Претседателот на Португалија нема коронавирус: „Сепак ќе останам во изолација“

Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса (71) им се обрати на новинарите од балконот на својата куќа и порача дека ќе остане во самоизолација во следните две недели.

Тестирањето покажа дека е негативен на коронавирусот, но претседателот сепак одлучи да биде во изолација.

Тој рече дека со тоа им дава пример на граѓаните на Португалија, пренесува „Ројтерс“.

– Тестот беше негативен. Ќе продолжам да работам од дома иако сум негативен, во следните 15 дена. Сакам да бидам пример – рече де Соуса.

Де Соуса, кој е познат како личност која сака да посетува јавни собири и да се фотографира со граѓаните, тестиран е претходно денес, откако неговиот кабинет објави дека ги откажал сите настани и службени патувања во странство и дека ќе работи од дома.

Тој таа одлука ја донесе по посетата на една група на ученици во претседателството, по која е утврдено дека еден од учениците од училиштето кој не бил на посетата има коронавирус.

Во Португалија има 35 заболени од коронавирусот.

Португалскиот претседател во карантин поради коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот