Претседателот на Научниот совет на Франција е за олеснување на строгите мерки во училиштата

Фото: EPA

Здравствените правила за децата во училиштата би можеле да бидат олеснети до крајот на јуни, особено за „оброците, рекреацијата или спортот”, наведува претседателот на францускиот Научен совет, Жан-Франсоа Делфраиси, во денешното издание на весникот „Журнал ди диманш” , јави дописникот на МИА.

Овој совет на експерти надлежен да и помага на владата со мислења за борба со кризата со коронавирусот, исто така, во јуни треба да го разгледа прашањето за враќање на децата во чилиште во септември.

-Треба да се види како сегашниот тежок протокол може да се поедностави, да биде рационализиран со  сегашните знаења, додава Делфраиси.

Наспроти раширеното верување на почетокот на епидемијата со Ковид-19, се чини, децата дека не се главните преносители на вирусот и се помалку заразени од возрасните, покаживаат наодите на француските научници.

-Дури и да продолжиме да ги следиме тешките правила до крајот на јуни ќе можеме да ги поедноставиме воншколските активностите: за време на оброците, одморот меѓу часови или спортот, наведува Жан-Франсоа Делфраиси.

Министерот за образование Жан-Мишел Бланке во четвртокот изјави дека се надева дека наскоро ќе може да биде олеснет здравствениот протокол. Професорот Делфраиси признава дека овој протокол се толкува на различни начини во зависност од директорите на установата или градоначалниците.

Ситуацијата со епидемијата, во која досега во Франција умреа речиси 30. 000 лица, главно меѓу повозрасната популација, се наоѓа под контрола, вели Жан-Франсоа Делфраиси.

-Предлагаме план за старечките домови  и исто така план за ранливото население: бездомниците, мигрантите, луѓе кои живеат под прагот на сиромаштијата, кои се прилично засегнати, рече тој, признавајќи дека ограничувањето што се однесуваше на целото население од средината на март не беше добра одлука, но најмалку лоша.

Денеска тој уверуваше дека „ мора да ги оставиме нештата да се отворат, да ги оставиме луѓето да живеат, притоа почитувајќи ги мерките на растојание”.

-Советот би сакал да ја запре својата работа на почетокот на јули, рече нејзиниот претседател.

„Државните служби се целосно оперативни. Не е здраво структурата, што беше создадена од нула за да одговори на ургентноста, и натаму да продолжи со работа “, тврди тој, додавајќи дека Советот секогаш би можел да се состане повторно доколку тоа ја побара здравствената состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот