Претседателот на Лион лут како рис: Се чувствувам како идиот

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Ола сè уште не може да се помири со одлуката на француската фудбалска федерација да ја прекине Лига 1 поради пандемијата на коронавирусот.

Со одлуката на федерацијата, титулата му припадна на ПСЖ, додека Олимпик Лион е најголем губитник бидејќи по повеќе од две децении нема да биде дел од европските купови.

– УЕФА ги замоли сите да бидат трпеливи. Кога гледам како нашите лидери донесоа сосема поинаква одлука од таа  која ја препорача УЕФА се чувствувам како идиот – изјави Ола.

Франција е единствена која од петте најсилни европски лиги го заврши првенството поради пандемијата. Германија веќе одигра две кола пред празни трибини, а наскоро се очекува да се вратат и првенствата во Шпанија и Италија, додека неизвесности постојат во Англија.

– УЕФА го објави медицинскиот протокол, но ние во Франција не го ни погледнавме. Тоа е апсолутен скандал. Исто така парадоксално е држава како Шпанија каде има повеќе смртни случаи од Франција, реагира и успеа да најде начин да го врати фудбалот – додаде Ола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот