Претседателот на Лацио влегува во политика, сака да биде градоначалник на Рим

EPA/MAURIZIO BRAMBATTI

Клаудио Лотито има поддршка од две десничарски партии.

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, планира да се кандидира за градоначалник на Рим на изборите кои ќе се одржат идната година.

Според весникот „Лего“, претседателот на Лацио има поддршка од десничарските партии „Форца Италија“ на Силвио Берлускони и на „Лега Норд“.

Целта на десничарите е да се победи актуелната градоначалничка Вирџинија Раџи која е дел од движењето „Пет ѕвезди“ и која е на челот на Рим од 2016 година.

Ова не е прв пат Лотито да се впушти во политичките води, тој во 2018 година беше кандидат на „Форца Италија“ за место во Сенатот, но за малку не успеа да влезе во парламентот.

Клаудио Лотито е сопственик и претседател на Лацио од 2004 година, а интересно е што во 2006 година доби 18-месечна забрана за било каква работа во фудбалот поради учеството во аферата „Калчополи“ која го потресе италијанскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот