Претседателот на Лацио под истрага за коменатарите против Јувентус

twitter/The Laziali

Клаудио Лотито ја забавуваше италијанската јавност додека сезоната во Серија А е прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Сепак неговите зборови му направија големи проблеми, го ставија под истрага.

Истрагата е покрената поради коментарите кои првиот човек на Лацио ги имаше на натпреварот помеѓу Јувентус и Интер, која се играше непосредно пред сезоната да биде прекината поради пандемијата.

– Имаме бод помалку од Јувентус и тоа поради натпреварот Јуве – Интер, за кој сите видео што беше – гласи изјавата на Лотито.

Од Фудбалската федереција на Италија сакаат да откријат на што мислеше Лотито кога ги кажа овие зборови. Доколку мислеше на некакви нерегуларности, тогаш ќе биде отворена официјална истрага.

Во спротивно Лотито би можел да се соочи со казна поради сомневање во регуларноста на тој натпревар. Јувентус на „дербито на Италија“ славеше со 2:0 и се искачи на првото место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот