Претседателот на Германија во посета на Египет

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска допатува во Каиро. Тоа е прва посета на германски претседател на Египет по 25 години.

За утре е предвидена средба на Штајнмајер со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, на која ќе се разговара за билатералните односи, но и за конфликтот на Блиски Исток.

Штајнмаер е придружуван од делегација бизнисмени. Германија е најважниот трговски партнер на Египет во Европа. Над 250 германски компании се присутни во Египет. Германците се најбројните странски туристи кои го посетуваат Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот