Претседателот на Гана е првото лице во светот кое прими анти-ковид вакцина од Ковакс механизмот

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN THOMPSON
Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо денеска се вакцинираше против коронавирусот, со што стана првата личност во светот што ја прими вакцината против ковид-19 од програмата Ковакс.
Ковакс е глобална иницијатива за помош на сиромашните земји во снабдувањето со вакцината, заеднички покрената од Светската здравствена организација (СЗО) и Сојузот за вакцини (ГАВИ), со цел неразвиените земји и земјите во транзиција да можат да добијат вакцини, бидејќи тие немаат доволно можности да потпишат договори за набавка со производителите.
Акуфо-Адо, 76-годишен претседател на западноафриканската држава, во која минатата среда пристигна првото доставување вакцини од програмата Ковакс, ја прими првата доза на вакцината „АстраЗенека”.
– Многу е важно да дадам пример и да покажам дека оваа вакцина е безбедна, така што секој во Гана може да одлучи да се вакцинира без страв, рече шефот на државата.
Ковакс склучи договори со производителите за две милијарди дози во 2021 година и можност за купување уште милијарда дози, а на располагање е финансиски механизам за помош од таа програма за 92 земји со ниски и средни приходи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот