Претседателот на ФФМ на средба со првиот човек на УЕФА, Чеферин

Делегација на Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски денеска во Нион, во седиштето на УЕФА, одржаа работен состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Националните асоцијации на УЕФА, Зоран Лаковиќ.

На покана од првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот и генералниот секретар на ФФМ на состанокот разговараа за актуелните случувања во македонскиот фудбал, поддршката од УЕФА за важните развојни проекти на ФФМ, како и за учеството на македонската репрезентација на Европското првенство.

УЕФА и претседателот Александар Чеферин сметаат дека успехот и напредокот на ФФМ под водство на Муамед Сејдини е исклучително значаен.

– Претседателот Чеферин и УЕФА цврсто веруваат во нашата стратегија и искрено нѐ поддржуваат. Успесите се резултат и на доброто раководење и грижата за македонскиот фудбал.
Упатените топли зборови за успехот на нашата репрезентација и пласманот на Европското првенство претставува гордост за нас и ни дава дополнителна енергија и ентузијазам во пресрет на натпреварите од ЕУРО 2020.
Исто така, за нас е многу значајно што УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборното собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание.
Во изборот на ново раководство на ФФМ не може да влијае ниту УЕФА ниту ФИФА, како што не може да влијае ниту политиката. Тоа би било спротивно на статутите.
Нашата федерација ќе продолжи да го дава својот придонес во сегашните и идните проекти на УЕФА, кој се секогаш усмерени во корист на европскиот фудбал. Благодарност до претседателот Чеферин пред сѐ затоа што го штити и развива фудбалот. На тој пат секогаш ќе ја има нашата поддршка – изјави Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот