Претседателот на ФФМ им честита на фудбалерите: Честитки за остварените резултати и се радуваме на следните предизвици

фото: Драган Митревски

Македонската фудбалска репрезентација на стартот од новото издание на Лигата на нации, забележа триумф над Ерменија (2:1) и ремизираше на гостувањето кај Грузија (1:1) во септемврскиот репрезентативец циклус.

Младата репрезентација до 21 година исто така имаше успешни настапи во квалификациите за ЕП, загуби со минимални 0:1 од европскиот шампион Шпанија, додека славеше со 1:2 на гостувањето кај Фарски Острови и се наоѓа на делба на второто место на табелата.

За одличните резултати, фудбалерите на двете репрезентации добија честитки и од претседателот на ФФМ, Муамењд Сејдини.

– Поставивме високи стандарди кои се однесуваат на епидемиолошките мерки и упатуваме благодарност, пред сѐ, затоа што сите ги почитуваа мерките и препораките од здравствениот протокол.

Навистина е штета што публиката и навивачите на македонската репрезентација не можеа во живо да ги гледаат натпреварите против Шпанија и Ерменија, но мораме да бидеме одговорни и во целост да го спроведуваме државниот здравствен протокол, сѐ со цел најскоро што може да се вратиме на нормалниот живот.

Навистина сме горди на нашите две репрезентации, на фудбалерите, стручниот штаб и сите кои се вклучени во работата на репрезентациите. Покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација. Честитки за остварените резултати и се радуваме на следните предизвици.

Фудбалската федерација на Македонија, исто така, во рамки на своите можности и се разбира доколку тоа од нас го побараат одговорните од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се стави во функција за подобрување на квалитетот на теренот на Националната арена, иако сосема ни е јасно дека во услови на многу натпревари и тренинзи во краток временски период, луѓето кои се одговорни за одржување на теренот дадоа сѐ од себе за негово одржување.
Напред Македонија!“, стои во честитката на Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот