Претседателот на ЕУ Шарл Мишел во петок во Македонија

Фото: ЕПА

Дипломатски извори од Брисел деновиве навестија дека посетите и сигналите од Унијата ќе бидат зачестени и дека тие се претходница на новите одлуки за проширувањето.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во петок ќе престојува во Македонија, што е негова прва посета на земјава откако е на оваа функција.

Шарл Мишел ќе дојде во земјата само една недела по посетата на еврокомесарот Оливер Вархели, што зборува за значењето што Брисел го дава на земјата, на новата политика за проширување и на одлуката за почнување преговори со Македонија.

Дипломатски извори од Брисел деновиве навестија дека посетите и сигналите од Унијата ќе бидат зачестени и дека тие се претходница на новите одлуки за проширувањето, но и на изборите во нашата држава, кои не треба да фрлат дамка на нашето досие додека се прават напори таа да се врати на агендата во ЕУ.

Се уште не е извесно дали посетата на Мишел ќе дојде по или пред објавувањето на новата методологија според барањата на францускиот лидер Емануел Макрон, за која е најавено дека е готова и треба да се објави деновиве. Таа меѓудругото предвидува и реверзибилност на статусот на земјите, односно ќе отвори врата за започнување на преговорите, но и врата за одземање на тој статус – ако не се исполнуваат условите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот