Претседателот на Еквадор го укина законот кој предизвика протести во земјата

Фото: Профимедија

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено го повлече сопствениот закон, со кој беше предвидено намалување на субвенциите на гориво, по повеќедневните насилни протести против мерката која имаше поддршка од Меѓународниот монетарен фонд.

Морено потпиша указ со кој се враќаат претходните цени на горивата.

Потпишувањето на декретот претставува удар за Морено и ја доведува во прашање фискалната политика на Еквадор, но претставува победа за домородните заедници, кои ги предводеа протестите предизвикувајќи хаос во Кито и нарушувајќи ја работата на нафтениот сектор.

Со законот на Морено беа укинати субвенциите, кои важеа четири децении. Се предвидуваше дека со укинувањето на субвенциите ќе се ослободат приближно 1,5 милијарди долари и ќе се намалеше дефицитот договорен со ММФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот