Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ утре во официјална посета на земјава

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на   Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно”, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Според програмата, следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и Црна Гора, а потоа и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.

Предвидена е и церемонија на полагање венец од страна на црногорскиот претседател на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас” во Скопје.

Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот