13 C
Скопје

Претседателот на Бугарија Румен Радев се изјасни за потреба од јасна и стабилна Влада

Претседателот на Бугарија Румен Радев соопшти дека нема намера да го одложува свикувањето на новоизбраното 45-то Национално собрание.

Тој ќе издаде указ за свикување на новиот парламент кога Централната изборна комисија ќе го објави списокот со пратеници.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев, во ситуацијата во која се наоѓа Бугарија, редно е што побрзо да има јасна стабилна, оперативна влада на земјата.

На прашањето дали е готов со составот на идната службена влада, Румен Радев рече: „Се интензивираат шпекулациите за службената влада од одредени партии, од одредени нарачани коментатори. Тоа јавно го покажува само стравот и загриженоста од можно кревање на розовата завеса за управувањето на земјата”.

Радев исто така коментира дека треба да се види дали ќе прво доделување мандат, второ доделување мандат и само тогаш ќе се види дали ќе има и трет мандат.

Поврзани вести

Филипините ги враќаат подарените 1000 дози кинески вакцини: Немале одобрение

Слободен печат

Војниците на Беливук откажуваат послушност: Почнаа да откриваат сè за злосторствата на кланот

Слободен печат

Трагедија заради селфи? 20 годишно момче од Војводина се качи на вагон, го убија 25.000 волти

Слободен печат

Русковска: Во „27 април“ нема обвинети, ниту се одговара за дело тероризам

Слободен печат

Лукашенко: Белорусија разви своја „жива“ вакцина против коронавирусот

Слободен печат

Австралија нема да ги отвори границите за странци до средината на 2022 година

Слободен печат

Остави Коментар