Претседателот на Бразил стравува дека има рак на кожа

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро денеска изјави дека е можно да има рак на кожата.

Тој ова го изјави откако беше на лекар каде му биле отстранети бенки од увото.

Претседателскиот кабинет соопшти дека нема знаци оти Болсонаро има карцином и само потврди дека тој попладнето бил на лекар.

– Претседателот е во добра здравствена состојба, без индикации дека има рак на кожата и продолжува со состаноците закажани за оваа недела, соопшти неговиот кабинет.

Болсонаро претходно изјави дека му било советувано да го откаже патувањето во Салвадор затоа што се чувствувал исцрпено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот