Претседателот на Бразил ја блокирал ВАР-технологијата

Репрезентацијата на Аргентина предводена од Лионел Меси не успеа да обезбеди пласман во финалето на Копа Америка откако во полифиналето загуби од Бразил со 2:0. „Гаучосите“ беа бесни на судијата кој не досуди два пенали за нив, а бесот беше поголем бидејќи тој не сакаше да се консултира со ВАР-технологијата за преглед на спорните моменти.

Денеска излезе информација која дополнително ќе го зголеми бесот на аргентинската јавност, имено „О Глобо“ објави неверојатна вест, судиите на теренот не можеа да комуницираат со колегите од ВАР собата.

 

Причината е претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, а неговото обезбедување ја користело инстата френкфенција како и судиите.

Откако сфатиле дека има проблем со комуникациите, веднаш реагирала телекомуникациската компанија „Анател“ и го решила проблемот но, штетата на сметка на Аргентина веќе била направена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот