Претседателот на Боливија одбива да си поднесе оставка

Фото: Профимедиа

Претседателот на Боливија, Ево Моралес синоќа го одби барањето на опозицијата да поднесе оставка, истакнувајќи дека треба да се почека меѓународната проценка за неодамнешните избори, а опозицијата не ги признава резултатите.

Моралес за Боливиското државно радио изјави дека неговите политички противници сакаат да извршат воен удар.

Тој додаде дека е жртва на расизам, бидејќи е првиот боливиски претседател со домородно потекло.

Моралес победи на претседателските избори на 20 октомври, но опозицијата обвинува дека изборите се лажирани.

Опозиционерите истакнаа дека не веруваат во проценката на Организацијата на американските држави, за која изборите биле регуларни.

Моралес е претседател на Боливија 14 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот