Претседателот на БК Вардар: Како функционира ФБСМ?

facebook.com/pg/Vardar-Wrestling

На официјалната страница на клубот беше поставено следното:

– Повеќе од еден месец немаме никаква кореспонденција со ФБСМ. Поднесено е барање до федерацијата да ни се достават потребните документи за воспоставување кореспонденција и комуникација со сите надлежни органи и тела на федерацијата, со цел НЕПРЕЧЕНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА БК ВАРДАР –

Потребна е следната документација:

-Статут на ФБСМ

-Одлуки и регулативи

-Распоред на натпреварувања

-Правни акти на ФБСМ

Согласно законот за здруженија и граѓани и фонданции, а во согласност со статутот на Боречкиот клуб Вардар и во согласност со правилата на Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија, во прилог на барањето се известува дека има проблеми на раководството и управата на овој клуб.

Промената е направена на 17 мај годинава со решение на Централниот регистар на Македонија, но зачудува зошто се уште нема никаква реакција, односно во овој случај БК Вардар нема никаква кореспонденција со ФБСМ.

Фото: vardarfans.mk
Фото: vardarfans.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот