фото: PA-EFE/Alejandro Garcia

Претседателот на Барселона, Лапорта: Имам лоши вести за Реал Мадрид

Претседателот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, Жоан Лапорта жестоко го прозва големиот ривал Реал Мадрид. Им порача дека во наредните години ќе гледаат во грбот на големата Барса.

Ривалството меѓу големите ривали Барса и Реал е секогаш во центарот на вниманието. Секоја недела има барем еден отворен конфликт, а сега се отиде на повисоко ниво.

Лапорта одлучи јавно да му каже на Реал Мадрид дека во наредните години ќе гледа во грбот на каталонскиот клуб, без разлика на сите ѕвезди што ќе ги купат. Низ солзи зборуваше на собранието на клубот.

– Имам лоши вести за оние од Мадрид. Ќе го повториме успехот на најдобрата Барса досега. Реал Мадрид не се забавуваше добро за време на мојот прв мандат и замислете како се чувствуваат кога ќе видат нова Барса за неколку години – тим кој ќе биде сè подобар и подобар и истиот претседател поради кој лошо си поминуваше ривалот – вели Лапорта.

Првиот човек на Барса тврди и дека неговиот клуб ќе го добие случајот „Негреира“ кој се води против нив за наводно плаќање судии.

– Ќе победиме. Не направивме ништо од тоа за што нè обвинуваат. Историјата на Барселона нема да биде извалкана. Не смееме да дозволиме да нè дискредитираат. Колку и да бараат, нема да најдат ништо. Признавме дека сме платиле за одредени извештаи. Судиите велат дека сме ги користеле парите за купување натпревари, но тие немаат доказ. Ниту не можат ништо да докажат бидејќи немаат што да докажат – рече Лапорта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот